
Најдобрите тренер и играч за септември во Премиерлигата доаѓаат од - Манчестер Ј.
Манчестер јунајтед одигра натпревари против Лестер и со Арсенал, првиот го доби минимално со 1-0, во вториот славеше со 3-1 уривајќи го совршениот ефект на „топчиите“.
Тоа јавноста го сфати како дефинитивно преземање на контролата врз клубот од страна на новиот менаџер, Ерик Тен Хаг, а Рашфорд потсети дека и тој е фактор во Јунајтед постигнувајќи два гола и две асистенции на двете средби.
Овој епилог, веројатно, ќе беше неочекуван да го најавеше некој во август, кога Манчестер ја отвори сезоната со порази од Брајтон и од Бренфорд, првиот на домашен терен. Сега, по шест гола, се наоѓа на петтото место, со шест бода заостанување зад лидерот Арсенал.