Најдобриот спортски директор ја направил грешката на векот во Рома

Шпанецот Мончи кој важи за еден од најдобрите спортски директори направил таква грешка во проценките, што во италијанска Рома, каде што работеше, сега не може да се изначудат какво богатство пропуштиле.

Станува збор за аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер, за кој сега Барселона жестоко се бори да го добие и тоа за троцифрена сума на милиони евра. И што е најтрагично за „волчицата“ во целата приказна е што можеле да го имаат Аргентинецот за само осум милиони евра.

Расинг, од каде Лаутаро дојде во Италија, побарал толку пари, но Мончи сметал дека е премногу за таков играч. Интер шест месеци подоцна го плати трипати повеќе, 25 милиони евра, а Лаутаро до прекинот на сезоната збесна со голови. И нормално го сврте вниманието и кон Барселона.

А, наместо Лаутаро во Рим дојдоа утки како Пасторе, Н'Зонзи, Дефрел, Олсен, Шик... , кои не донесоа ништо посебно, а римјаните имаа тон пари после продажбата на голманот Алисон за тогашен светски рекорд за чувар на мрежата во Ливерпул. Мончи не издржа долго во Рома, иако дојде како најголемо засилување и после фантастична ера во Севилја, па се врати во Андалузија пред повеќе од една година, оставајќи им на римјаните да се „чешаат“ за утката со Лаутаро.