На повидок нова војна меѓу Барса и Атлетико - сега за шпански репрезентативец
Според бројни извори, Атлетико Мадрид е најзаинтересиран за него бидејќи е свесен дека треба да го засили тимот во сите области. Кукуреља изрази јавно незадоволство од одлуката на Челси да се раздели со Енцо Мареска, што резултираше со сезона без трофеј и без место во Европа. Тој има уште три години од договорот, па Челзи не брза и има намера барем да ја врати инвестицијата, односно на него да заработи 70.000.000 евра. Атлетико Мадрид имаше намера да потроши 50.000.000 за неговиот трансфер, па се очекуваат тесни и долги преговори.
Кукуреља е производ на школата на Барселона, каде што не доби вистинска шанса, па стигна до Челси преку Хетафе и Брајтон и стана еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата и Европа. Постојат шпекулации дека Кукуреља е следен и од Барселона, но Шпанецот не е приоритет, како Хулијан Алварез. Ќе има место за него само ако Алехандро Балде или Жил Кунде заминат, а тоа сега е малку веројатно.
Се чини дека Атлетико Мадрид и Барселона потенцијално би можеле да водат сериозна војна и тука, бидејќи општо е познато каква е ситуацијата со Хулијан Алварез и дека Бернардо Силва е цел на двата клуба. Португалецот има попрофитабилна понуда од Мадрид, но исто како и Алварез, повеќе сака да оди во Каталонија. Што се однесува до Челси, ако Кукуреља замине, Чаби Алонсо ќе мора да донесе замена, но и повеќе да се потпре на Хата, кој беше претежно алтернатива на левото крило минатата сезона.