
На Мегваер му се допадна прекарот кој го доби по дриблингот кој ги изненади сите!
При првиот гол на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер одигра како крилен напаѓач, направи совршен дриблинг и упати центаршут по кој падна голот на Касемиро.
Ваквиот негов потег стана хит на социјалните мрежи, Мегваер го доби и прекарот „Харидињо“.
„Брилијантно!“, одговори дефанзивецот кога еден новинар му посочи дека на социјалните мрежи го нарекле Харидињо.
„Беше забавно да се дрибла по десното крило и да се упати добар центаршут. Имаше многу играчи во шеснаесетникот, очигледно верувале дека ќе испратам добра топка. На крајот Касемиро одлично реагираше со глава и ја затресе мрежата“.