Мурињо: Зарем уште мислите дека јас бев главниот проблем на Манчестер јунајтед?

Иако минаа веќе шест месеци откако доби клоца од „Олд Трафорд“, контроверзниот Жозе Мурињо не може да премолчи и да не го спомене својот доскорешен клуб Манчестер јунајетд, откако беше посочен како главен виновник за очајната сезона дотогаш.

 

Мурињо замина во декември, го наследи Оле Гунар Солшер и Норвежанецот тргна како од бајките. Со еден пораз во 16 меча, со четвртфинале во ЛШ и доби тригодишен договор. Но, како што го потпиша почна серијата без победи, а Јунајтед на крајот не успеа да обезбеди настап во Лигата на шампионите идната сезона.

„Јунајтед? Не треба детално да анализирам, баш сè, ама ќе кажам две работи. Прво, времето полека почнува да дава објаснување за тоа кој е и што е главниот проблем на Манчесер и второ, тренерот го сменија, а проблемите останаа. Дали си заминав поради Погба? Не! Постојат тренери, играчи, управа... Цела една организација и нејзините амбиции. Ако би рекол дека целата вина е на Погба, нема да ја кажам вистината и тоа не е вистина. Јас добро знаев што зборувам кога реков пред 9-10 месеци дека второто место со Јунајтед е мој најголем тренерски успех. Јас имам осум шампионски титули и веројатно сега сите ќе почнат да сфаќаат. Еве, веќе не сум на 'Олд Трафорд', ама никој веќе не мисли дека со моето заминување се решија сите проблеми на Јунајтед“, рече Мурињо.