Мурињо со жалба за судењето успеа да им го честита успехот на португалските ракометари на СП (ФОТО)
Главниот конкурент за титулата на Фенербахче, Галатасарај вчера со 1-0 победи на гостувањето кај Газиантеп.
На мечот имаше спорна ситуација кога не беше досуден пенал за Газиантеп по игра со рака на фудбалер на Галатасарај.
Жозе Мурињо на својот инстаграм профил ја објави фотографијата од тој момент и напиша:
„На Светското ракометно првенство кое заврши минатата недела, мојата Португалија на брилијантен начин се избори за полофинале и сакам да му честитам на тимот за тој огромен успех и влијанието кое тие ќе го креираат врз младите во нашата земја“, напиша Мурињо.