Мурињо се изнервира поради „Фортнајт“: По цела ноќ го играат тоа сра*е!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо си има проблеми со фудбалерите кои немаат доволно одмор поради популарната видео-игра „Фортнајт“.

„Специјалниот“ е ептен нервозен поради видео-играта која ја нарече „сра*е“ затоа што фудбалерите не спијат доволно долго поради неа.

„Фортнајт? Тоа ми е кошмар. Фудбалерите не спијат по цела ноќ за да го играат тоа сра*е без оглед на тоа што следниот меч имаат натпревар“, вели Мурињо.

Голем број познати фудбалери играат „Форнајт“, а меѓу нив се Деле Али, Месут Озил, Антоан Гризман и многу други.