Мурињо повторно направи „циркус“: Ние играме многу лошо, но...

Португалецот беше мета на критики на медиумите порази слабите резултати на клубот, па поради тоа прес-конференцијата за дуелот против Њукасл ја закажа за осум часот наутро.

Сепак, тоа не беше сè од Португалецот, бидејќи тој остана таму само три минути и зборуваше само за дуелот со Њукасл.

Откако го пофали Њукасл дека се добра екипа со искусен тренер, Мурињо призна дека неговата екипа има слаби резултати, но се обиде и да се оправда поради тоа.

„Сега сме на почетокот на октомври и ако ја погледнете табелата ширум Европа, јасно е дека таа не е каква што ќе биде за неколку месеци или на крајот на сезоната, но, сега сме во таква ситуација и мораме да работиме за да освојуваме бодови“, кажа Мурињо.

Јунајтед во минатото коло загуби од Вест хем со 3-1, а претходно играше 1-1 со Вулверхемптон, па освен тоа беше елиминиран и во Лига Купот од Дерби.

„Црвените ѓаволи“ само еднаш по 1999. година одиграа пет натпревари без победа, па новинарите го прашаа Мурињо дали се сложува со тоа дека „црната“ серија не е прифатлива за клубот, а на тоа Португалецот одговори потврдно.

Да потсетиме, дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл се игра утре од 18.30 часот.