Мурињо може да здивне: Јунајтед со пресврт се спаси од дебакл на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се соочуваше со тежок пораз на домашен терен од Њукасл, но некако на крајот успеаа да ги освојат трите бодови со триумфот од 3-2.

Вистински шок им се случи на „црвените ѓаволи“ по десет минути игра, откако гостите стигнаа до водство од 0-2 преку Кенеди и Муто.

Тоа беше само „искра“ која ги „запали“ навивачите кои почнаа да скандираат за отказ на Жозе Мурињо, а еден камерман се обиде да ја забележи неговата реакција, а на крајот доби само вода во камерата.

Сепак, Мурињо може да здивне бидејќи Хуан Мата, Ентони Марсијал и Алексис Санчез го спасија во последните 20 минути од средбата.

Најпрво Мата намали на 1-2, а шест минути подоцна Марсијал израмни на 2-2. И на крајот, најголемото промашување на клубот Санчез ги постави конечинте 3-2 за прекин на „црната“ серија на „црвените ѓаволи“.