Мурињо може да се пакува: Њукасл води со 0-2 на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед утринава ги демантираа шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе си замине од тренерското место, но можеби наскоро ќе се предомислат.

„Црвените ѓаволи“ катастрофално го отворија дуелот против Њукасл, кој по само десет минути постигна два гола преку Кенеди и Муто за водство од 0-2 на „Олд Трафорд“.

Ова во ниту еден случај не е добро за Мурињо, кој доколку не се случи чудо, сигурно наскоро ќе добие отказ.