Мурињо лично се вклучил во преговорите за новиот договор на Винисиус!
Откако стана јасно дека тешко се одвиваат преговорите меѓу двете страни, Жозе Мурињо лично се вклучил да помогне Винисиус и Реал да си подадат рака.
Португалецот разговарал и со двете страни и им кажал дека Винисиус ќе има централно место во неговите планови.
Мурињо го гледа Бразилецот како екстремно важен дел од неговиот проект и тој очајно посакува Вини да остане на Бернабеу.
Последните информации велат дека работите се придвижуваат во позитивна насока и во Реал Мадрид владее оптимизам дека Винисиус може да стави потпис на нов договор.