Мурињо го надмудри Гвардиола: Тотнем го реши Сити и се искачи на прво место! (ВИДЕО)

Тотнем игра фантастично сезонава во Премиерлигата, а тоа го покажа и против Манчестер сити со триумфот од 2-0.

Хеунг-Мин Сон му донесе водство на тимот од Лондон по само пет минути игра, откако грешка направија дефанзивците на „граѓаните“.

Сити погоди за 1-1 во 27. минута, но по прегледување на ВАР-снимката голот беше поништен поради игра со рака.

Во второто полувреме Тотнем повторно го најде патот до мрежата на Едерсон, а голот беше дело на Ло Селсо (2-0).

Тотем изби на првата позиција во Премиерлигата и има 20 бодови, односно два повеќе од нивниот градски ривал Челси, додека Манчестер сити остана на 10. позиција со 12 бодови.