Мурињо добива отказ без разлика на резултатот од дуелот со Њукасл

Жозе Мурињо нема никакви шанси да си ја спаси работата без оглед на резултатот од дуелот со Њукасл овој викенд, пишува „Дејли Мирор“. 

Англискиот весник се повикува на извори блиски до раководството на Манчестер јунајтед, кои велат дека Португалецот во понеделник ќе добие отказ.

Мурињо повеќе нема доверба кај бордот на директори, играчите му го свртеле грбот, а се скарал и со пријателите кои ги има во клубот. Менаџерот е во тотален хаос, а Јунајтед сакаат да ја спасат сезоната и покрај лошата форма на стартот.