Мурињо доби последна шанса: Ако загуби во сабота, ќе си замине од Јунајтед!

Управата на Манчестер јунајтед го губи трпението со тренерот Жозе Мурињо, кој не е во добри односи со неколку играчи, а ниту тимот не игра на посакуваното ниво.

Откако легендите Пол Сколс и Рио Фердинанд ја критикуваа играта на Јунајтед, управата решила да му даде уште една шанса на Мурињо за да го поправи впечатокот.

Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо би можел да добие отказ по дуелот со Њукасл во сабота доколку загуби на домашен терен.

Интересно е тоа што доколку Португалецот навистина добие отказ сезонава, тогаш би се потврдил податокот дека секоја трета сезона во некој клуб не му оди како што треба.

Тоа досега двапати му се случи и тоа во Челси и Реал Мадрид.