Мурињо без влакна на јазикот: Би сакал да имам работа како Солшер, тој не мисли на сегашноста!

Жозе Мурињо вчера доби аплауз кога се појави на трибините на „Олд Трафорд“, кадешто го следеше мечот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул (1-1).

По мечот Мурињо не беше задоволен со играта на „црвените ѓаволи“, па порача дека би бил среќен сега да е тренер на Јунајтед, односно да има привилегии како Оле Гунар Солшер.

„Би сакал да најдам работа како што има Солшер. Тој зборува само за иднината, откако стигна во Јунајтед“, порача Мурињо.

Јасно е дека Мурињо е незадоволен затоа што го отпуштија, иако имаше за нијанса подобри резултати од Солшер.