Мурињо: Бев во право за кризата на „Олд Трафорд“ и не ми е мило поради тоа

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо во разговор со новинарите даде изјава за неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед и објасни дека бил во право за кризата која ќе следи на „Олд Трафорд“.

Мурињо го предводеше тимот од 2016 до 2018 година и притоа ја освои Лига Европа, по што замина од клубот, но кажа дека „црвените ѓаволи“ ги чекаат тешки времиња.

„Навивачите на Јунајтед се посебни, а во клубот има многу добри луѓе. Бев во право за кризата во тимот и не ми е мило поради тоа. Знаев дека моето заминување нема да ја реши ситуацијата, јас им посакувам само најдобро“, кажа Мурињо.