Му нема спас - Жозе Мурињо е „мртов човек“

И оние кои веруваа во него полека ја губат надешта, па се поблиску до моментот кој сите го очекуваат, кога Мурињо ќе се збогува со „Олд Трафорд“.

Сезоната на Мурињо е очајна и Јунајтед игра катастрофално, а последната таква партија во низата беше онаа против Валенсија во Лигата на шампионите.

А, потоа денеска Жозе рано наутро се појави на прес-конференција и за три ипол минути со кратки одговори ги излуде  медиумите во свој стил. Но, што и како понатаму?

Британците пишуваат дека Мурињо има седум натпревари да се извади за сѐ, но истовремено стигаат и други информации.

Сега „Мирор“ објави дека добар дел од играчите на Јунајтед се свесни дека Мурињо заминува и дека и самите имаат такви информации, но исто така дека и тие се трудат да го избркаат што порано.

Имено, тие се убедени дека Мурињо го уништил тимскиот дух и самодовербата кај играчите со неговото редовно критикување на поедини играчи.

Играчите се вознемирени, атмосферата е мртва, па сега само се чека секој нареден кикс да биде потврден и отказот на Мурињо. 

Едно е сигурно, само прашање на ден е кога овој трофеен тренер ќе го смени клубот. Тој, жаргонски кажано, е мртов човек и само го чека погребот. Неговото време на „Олд Трафорд“ е истечено.