Му дадоа задача да направи комбиниран тим од Ливерпул и Јунајтед, па ги изненади сите (ФОТО)

После репрезентативната пауза викендов не очекува најголемото англиско дерби во кое ќе се сретнат екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

„Црвените ѓаволи“ ќе се сретне со лутиот ривал на „Театарот на соништа“ каде ќе се обидат конечно да ги израдуваат своите фанови. Јунајтед е во очајна форма оваа сезона, а за разлика од нив Ливерпул е брилијантен и на добар пат конечно да ја освои титулата по пауза од речиси 30 години.

Во претходните години доминираше Јунајтед, кој го совлада Ливерпул по број на титули, но „црвените“ сигурно сакаат да возвратат. Ливерпул ги има сите осум победи по осум кола, а Јунајтед разочарувачки е на само 12. место во Премиер.

Пред ова дерби, англискиот фудбалер Дени Милс беше гостин на „Скај Спортс“ и имаше задача да го избере најдобриот тим кој е комбиниран од сегашните играчи на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Но, она што многумина ги изненади е тоа што неговиот тим го сочинуваа само играчи на Ливерпул, а тој рече дека ќе биде тешко за играч на Јунајтед дури и да се најде на клупата.