
Морничави детали од Шпанија: Жота и брат му изгореле во пожарот
Новите детали од Шпанија покажуваат колку била морничава несреќата. Локалните медиуми објавија дека загинале две лица во сообраќајна, при што не било познато дека станува збор за Жота и неговиот брат.
Најпрво реагирале пожарникарите откако се запалило возилото, а потоа докторите констатирале смрт, но идентитетот на жртвите дополнително морал да биде потврден затоа што телата изгореле во пожарот.
„Возилото изгоре целосно, а идентитетот на лицата мораше дополнително да биде потврден. По регистерските таблички било откриено дека загинале Жота и неговиот брат, откако нивните тела биле изгорени до непрепознатливост“, објави шпански медиум.
Фото: Facebook/Liverpool FC