Монтела пред отказ, Милан веќе нашол замена!

Откако скапоплатениот нов тим на седумкратниот европски првак Милан (220 милиони евра дадоа „росонерите“ за трансфери) вчера загуби на гостувањето во Џенова кај Сампдорија со 0-2, тренерот Виченцо Монтела е пред отказ најавија италијанските медиуми.

„Монтела е сега со грбот залепен за ѕид“, пишуваат медиумите на Апемините, кои тврдат дека Милан веќе го контактирал Валтер Мацари, кој би требало да го замени Монтела на кормилото на Милан.

Дека се крчка отказ во Миланело, директорот Марко Фасоне порачал дека императив на клубот е пласман во Лигата на шампионите и дека два порази во воведните шест меча е премногу за ваков тим. Милан загуби од Лацио со 1-4, а сега и од Сампдорија во последните три меча во новата сезона.

Монтела е под жесток удар на критики заради изборот на првотимци на мечевите, па јавноста и медиумите најмногу го критикуваат за изборот Запата да биде стартер (вчера ѝ поклони победа на Сампдорија) пред засилувањето Мусакио, потоа преголемата доверба во Фабио Борини на сметка на Андре Силва, едно од најскапите засилувања, малата минутажа на Хакан Чалханоглу, но и променетата позиција на Сусо, кој не е ниту бледа сенка од минатата сезона.

Милан и навивачите имаат големи очекувања од новиот тим, но тој засега не е на нивото и прв што е на удар, нормално е тренерот.