Многу ниско од гигант каков што е Милан: Фонсека добил отказ преку СМС порака!

Италијанските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Милан, Гери Кардинале преку СМС порака го известил Пауло Фонсека дека повеќе не е тренер на росонерите.

Милан направи тренерска мена, на Пауло Фонсека му врачи отказ, а за нов тренер го назначи Сержо Консеисао.

„Скај Спорт Италија“ сега открива дека директорите на Милан немале храброст лице во лице да му дадат отказ на Фонсека, тој добил известување преку СМС порака од сопственикот Гери Кардинале.

Наводно тој самиот ја донел одлуката, но начинот на кој таа му е соопштена на тренерот не му прилега на гигант каков што е Милан.