Митро-шоу во Лесковац, Србија лесно ја среди Андора! (ВИДЕО)

Со хет-трик на Александар Митровиќ, Србија ја победи Андора со убедливи 3-0, најубедлива денеска беше Холандија која со 8-0 славеше на свој терен против Малта.

Србија лесно ги освои планираните три бода против Андора која ѝ покажа заби на Англија, но вечерва не беше достоен противник за Србите.

Навивачите во Лесковац се израдуваа на гол уште во 12. минута кога Митровиќ погоди за водство на Србија од 1-0.

Поминаа уште 12 минути, а Митровиќ даде уште еден гол за предност на Србите и од 2-0.

По седум минути игра во вториот дел беше досуден пенал за Србија кој го реализираше Митровиќ за хет-трик. 3-0, тоа беше и конечниот резултат.

Митровиќ на овој натпревар прослави и јубилеј, по 100. пат го носеше дресот на Србија.

Во вечерашните квалификациски дуели најубедлива беше Холандија која со 8-0 ја совлада Малта.

Депај и Мален дадоа по два гола, по еднаш погодија Ван Дајк, Симонс, Ланг и Ван де Вен.

Убедлива беше и Австрија која со 4-0 славеше на гостувањето кај Сан Марино. Два погодоци на овој меч даде Арнаутовиќ.

Албанија одигра 1-1 кај Летонија, Романија со 2-0 беше подобра од Кипар.