Миовски со два гола му обезбеди четвртфинале на Абердин во Купот (ВИДЕО)

Македонскиот голгетер Бојан Миовски потврди дека се наоѓа во неверојатна форма и постигна два гола против Бонириг Роуз за пласман на Абердин во четвртфинале на Купот на Шкотска.

Миовски најпрво ја затресе противничката мрежа во 17. минута, а потоа стрелаше и во 25. минута за триумф од 2-0 на Абердин.