Миовски промовиран во МТК: Ова е голем чекор за мене, посакувам 15 гола во новата сезона!

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски ја напушти Ренова и кариерата ја продолжи во Унгарија, односно во дресот на МТК Будимпешта.

Поранешниот фудбалер на Ренова кажа дека сака да постигне 15 голови во првата сезона за МТК.

„Ова е голем чекор за мене во кариерата. Мојата најдобра позиција е шпиц, ама можам да одговорам на повеќе позиции. Се надевам дека ќе постигнам 15 голови во првата сезона и сакам да се пласираме во топ-4“, кажа Миовски.