Миовски остана на клупата на Абердин, Здравковски стартер за Мадервел

Иако беше најавено дека ќе игра, Бојан МИовски доби поштеда и за дуелот против Ист Килбрајд во Лига Купот на Шкотска, Давор Здравковски играше за Мадервел против Клајд.

За разлика од претходниот дуел, Миовски овојпат барем седеше на клупата за резерви. Македонецот е пред трансфер, па Абердин не сака да ризикува со негова евентуална повреда пред да го продаде.

Абердин со 4-0 го победи Ист Килбрајд во Лига Купот на Шкотска.

Во истото натпреварување Мадервел славеше со 3-1 на гостувањето кај Клајд. 

Нашиот Давор Здравковски беше стартер на мечот и на теренот се задржа до 78. минута кога излезе од игра. Тогаш неговиот тим водеше со 2-1.