Миовски и соиграчите му пресудија на тренерот на Селтик - отказ по само 33 дена!

Шкотскиот гигант, Селтик, денеска му врачи отказ на тренерот Вилфред Нанси, кој пред само 33 дена седна на жешкото столче на зелно-белите.

Нанси на клупата дојде на местото од Брендан Роџерс, но неговите резултати беа катастрофални, доживеа шест порази на осум натпревари.

Одлуката беше донесена по поразот во големото Олд Фирм дерби кога Глазгов Ренџерс го победи Селтик на негов терен со 3-1.

Притисокот беше толку голем што беше неминовно да добие отказ по тој пораз од лутиот ривал.

Во овој момент Селтик се наоѓа на втората позиција на табелата со 38 бодови, исто колку и третопласираниот Ренџерс. Прв е Хартс со 44 бодови.