Милијардер од Африка ќе го купува Арсенал од омразениот Стан Кронке?!

Најбогатиот Африканец, Алико Данготе е сериозно заинтересиран да го купи лондонскиот премиерлигаш Арсенал, објавија англиските медиуми, на радост на навивачите на „топчиите“, кои се надеваат дека конечно ќе дојде крајот на ерата на омразениот Стен Кронке, актуелниот сопственик на клубот.

Данготе е Нигериец, кој од поодамна сака да купи фудбалски клуб и неговото богатство се проценува на 7,7 милијарди фунти. Но, според неговите изјави годинава вакво нешто нема да се случи, зашто во преден план му е да се завршат бизнисите кои ги има во вредност од 20 милијарди фунти, а потоа да се сконцентрира на „топчиите“.

„Арсенал е тимот кој би сакал да го купам, но тоа што сакам да кажам е дека моментно имам проекти вредни 20 милијарди фунти и моментно сакам да се сконцентрирам на нив. Се обидувам да ја изградам компанијата, а кога ќе завршам може да се префрлам на друго. Веројатно најрано тоа би било во 2021 година. Моментно нема да го купам Арсенал, но ќе го купам кога ќе завршам со другите проекти“, рекол Нигериецот.

Тој е на 136-то место меѓу најбогатите луѓе на светот според престижниот „Форбс“. Моментно има 85 отсто од акциите во Данготе Цемент, преку својата холдинг комапнија,а веќе три години ја гради Данготе Рафинеријата, која треба да биде една од најголемите на светот.