Милер: Ослабени сме, но можеме до пресврт против ПСЖ!

Фудбалерите на Баерн Минхен не се откажуваат од пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) и покрај поразот во првиот меч на домашен терен против ПСЖ (2-3), испраќајќи оптимистички најави во пресрет на денешниот реванш дуел.

Еден од тие што имаат најголема верба во успех е ветеранот Томас Милер.

„Во натпреварот ќе влеземе како и во секој друг. Важно е да ги балансираме ризиците во индивидуалните дуели. Нема да одиме во целосна офанзива уште од стартот, но сакаме да дадеме брз погодок. Ќе бидеме среќни ако направиме шанси како во првиот меч. Мора да реагираме подобро во дадени моменти. Направивме анализи и имаме идеи. За жал, ќе ни недостигаат играчи, но се чувствуваме ментално и физички спремни, а веруваме дека можеме да го свртиме резултатот“, изјави Милер.

Баварците ќе мора да победи со два гола разлика, или да даде најмалку три погодоци и да се изедначи со учинокот на ПСЖ во Минхен, а да не прими повеќе од два што би го однел дуелот во продолженија. Средбата се игра вечерва на „Паркот на принцовите“ во Париз.