Миланско дерби за фудбалер на Рома

Милан и Интер се подготвени да водат меѓусебна „војна“ за да дојдат до потписот на Лоренцо Пелегрини од Рома. 

Фудбалерот од средниот ред на „волчицата“ не добива голема минутажа, па не е расположен да ја продолжи кариерата во овој тим. Двата милански гиганти се сериозно заинтересирани за повремениот италијански репрезентативец.

Тој во својот договор има откупна клаузула од 30 милиони евра, па Милан и Интер ќе се наддаваат само со личните услови за Пелегрини. Фудбалерот потекнува од младинската школа на „волчицата“, но се промовираше во дресот на Сасуоло, каде играше како позајмен фудбалер две сезони.

Милан летово ќе прави реконструкција во средниот ред и веќе си заминуваат тројца фудбалери чии договори истекуваат, а примаат милионски плати како Рикардо Монтоливо, Хозе Маури и Андреа Бертолачи. 

Интер бара да ја подмлади линијата за врска, бидејќи Борха Валеро се приближува кон крајот на својата кариера.