Милан сред натпревар го промени тренерот!?

Поранешниот италијански шампион Милан реши да го промени тренерот, а интересно е тоа што управата наводно сред мечот со Рома го отпуштила Пауло Фонсека и го заменила со Серхио Консеисао.

Фонсека доби црвен картон за време на мечот против Рома, откако жестоко протестираше поради судиска одлука, по што бесен замина кон соблекувалната.

Новинарот Николо Шира објави дека раководството на „росонерите“ решило веднаш да го отпушти Фонсека додека трае мечот со Рома и да потпише договор со Консеисао до јуни 2026 година.

Милан под водство на Фонсека оваа сезона оствари 12 победи, пет ремија и шест порази.