Милан со помош на Мората и Рејндерс го нокаутира Емполи (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Милан им се врати на победите во Серија А, откако вечерва славеше со 3-0 против Емполи на „Сан Сиро“ во 13. коло од шампионатот.

Алваро Мората беше стрелец на првиот гол за „росонерите“ во 19. минута од средбата, додека Тијани Рејндерс стрелаше во 44. и 69. минута за победа од 3-0.

Милан во моментов има 22 бодови на седмата позиција во Серија А, односно седум помалку од лидерот Наполи.