Милан се врати во игра: Пјонтек со одличен гол израмни на 1-1! (ВИДЕО)

Милан имаше негатива во мечот од 0-1 против Аталанта, откако Ремо Фројлер погоди во 33. минута, но затоа Криштоф Пјонтек со одличен погодок израмни на 1-1 во 46. минута.

Рикардо Родригез испрати одличен центар-шут во шеснаесетникот на Аталанта, а таму најдобро се снајде Пјонтек, кој ја продолжи голгетерската серија.