Милан се буди: Михајловиќ со пораз се врати на клупата на Болоња (ВИДЕО)

Милан запиша втора победа по ред откако вечерва славеше против Болоња на гостински терен со 3-2 во рамки на 15.коло во Серија А. 

Кжиштоф Пјонтек изнуди пенал, а истиот и го реализираше во 15-тата минута за да ги доведе „росонерите“ во водство. Левиот бек Тео Ернандез го постигна својот четврти сезонски погодок, со кој му донесе на гостинот водство од 0-2 во 32-та минута. Истиот фудбалер си постигна автогол во 42-та минута за го намали резултатот на 1-2.

Само што стартуваше второто полувреме Џакомо Бонавентура со прекрасен гол од 16 метри го врати Милан во водство од два разлика. Лудата партија на Ернандез продолжи, бидејќи Шпанецот потоа направи пенал со кој ја врати Болоња во живот.

Никола Сансоне реализираше од белата точка во 84-тата минута, но Болоња немаше сили да извлече барем бод. Синиша Михајловиќ вечерва за прв пат ја водеше Болоња од клупата откако мораше да прими коскена срж во битката со тешката болес (леукемија).