Милан му нуди прибежиште на Олмо ако не се реши проблемот со Барса

Италијанскиот прволигаш Милан му понудил шестмесечен договор на Дани Олмо во случај Шпанецот да не биде регистриран и да не може да настапува за Барселона во вториот дел од сезоната.

По завршувањето на актуелната натпреварувачка кампања, плејмејкерот би можел да се врати во Каталонија и повторно да го облече дресот на Барса. Ниеден од останатите заинтересирани клубови за потписот на Олмо не нуди таква опција, туку сите сакаат соработка на долг рок.

Сепак, засега фудбалерот и неговиот менаџер не размислуваат вакво сценарио и се максимално фокусирани на Барселона. Клубот веќе презеде правни мерки и не е исклучено претстојната недела целиот случај да добие разрешница откако Барселона веќе ги исполни сите услови кои се бараа од неа.