Милан купува нов десен бек од Бетис

Андреа Конти и Давиде Калабрија се можеби најслабите играчи на Милан сезонава и двајцата играат на позицијата десен бек.

Конти можеби моментално ја има предноста како првотимец, но ниту тој не игра во некоја голема форма или на некое стандардно ниво за клубот да не размислува на негова замена.

„Росонерите“ веќе подолго време на пазарот разгледуваат опции за оваа позиција, а дел од италијанските новинари на социјалните мрежи веќе почнаа да шпекулираат дека Емерсон од Бетис е најблизу до трансфер во Милано.

Цената на Бразилецот изнесува од 25 до 30 милиони евра, а зелено-белите нема да прават проблеми доколу Милан ги исполни нивните финансиски барања. Доколку трансферот на Емерсон се реализира, јасно е дека еден од Конти или Калабрија ќе мора да си замине.

Поблизу до трансфер можеби е Конти, кој вреди нешто повеќе на пазарот, а Калабрија како дете на Милан можеби и ќе прифати резервна улога.