Дибала одново спасител на Рома, Специја и Верона во бараж за опстанок!

Со комплетирањето на 38. коло, официјално заврши сезоната 2022/23 во италијанската Серија А, а последните натпревари ја избистрија конечната слика на табелата.

Сепак ниту таа не одговори едно од главните прашања која екипа покрај Сампдорија и Кремонезе ќе се пресели во понизок ранг, бидејќи и Верона и Специја завршија со по 31 бод. Според правилата во Серија А, кога две екипи се изедначени во борба за опстанок, тогаш не решава меѓусебниот дуел, туку се игра дополнителен бараж за да се задржи прволигашкиот статус.

Верона вечерва загуби во Милан со 1-2, додека Специја имаше опстанок в џеб, речиси, 90 минути, но на крај Рома славеше со 2-1 „Волчицата“ победи со гол на Дибала од пенал, дури во 89. минута и со овие три бода, само го потврди шестото место на табелата, која ја носи во Лига Европа. Таа, практично, ги следеше конкурентите околу себе на табелата, така што ниту можеше да биде стигната од Јувентус, кој го доби Удинезе на гости со 1-0, ниту, пак, можеше да ја загрози Аталанта пред себе, која славеше со 5-2 над Монца.

СЕРИЈА А, 38. КОЛО

Милан – Верона             3-1

Аталанта – Монца          5-2

Рома – Специја                2-1

Удинезе – Јувентус        0-1

Лече – Болоња                2-3

Наполи – Сампдорија   2-0