Милан и Јувентус прават трампа: Пакета за Бернардески

Милан нема намера да го задржи Лукас Пакета, кој со своето однесување ги налути челниците на клубот и секако тренерот Стефано Пиоли.

Бразилецот се жалел на осаменост и депресија, па дури и побарал да биде однесен во болница поради напади на паника. Пред дуелот со Удинезе во Серија А, минатиот викенд му кажал на тренерот Стефано Пиоли дека не се чувствува подготвено да игра фудбал.

Ова е сигнал за челниците на Милан дека Пакета всушност не сака да игра клубот и форсира заминување. „Росонерите“ не сакаат да му прават проблеми и првично преговараа со ПСЖ. Откако Французите понудија многу малку пари, миланскиот тим сега е во преговори со Јувентус.

Италијанскиот шампион го нуди Федерико Бернардески за Лукас Пакета. Преговорите се во тек, а барем засега проблем е високата плата што Бернардески ја има во Јуве.