Меси заедно со двајца сонародници се сели во Барселона

Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, по што ќе си замине од францускиот гигант, а најверојатно негов следен клуб ќе биде Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона веќе се обидува да создаде услови за потпис на договор со аргентинскиот репрезентативец, но освен него, во Каталонија би можеле да пристигнат уште двајца Аргентинци.

Еден од нив би можел да биде Анхел Ди Марија затоа што му завршува договорот со Анхел Ди Марија, а вториот е Леандро Паредес од ПСЖ.

Меси е свесен за финансиските проблеми на каталонската екипа, но смета дека Ди Марија и Паредес ќе ѝ помогнат на екипата во битката за титулите следната сезона.