Меси со порака со Касилјас: Беше неверојатен голман и ме направи подобар фудбалер!

Еден од најдобрите и најпопуларните голмани во историјата, Икер Касилјас вчера објави дека ја завршува кариерата, па веднаш од него се збогуваа многу фудбалери, меѓу кои и Лионел Меси.

Меси преку шпанските медиуми се збогуваше со легендарниот голман на „кралевите“, кој често го спречуваше Аргентинецот да го пронајде патот до неговата мрежа.

„Икер денеска заминува во пензија, но во историјата влезе одамна, не само како легенда на шпанската лига, туку и затоа што ги освои сите можни трофеи. Беше спектакуларен голман, а имавме и големо ривалство кое ме натера да станам подобар“, напиша Меси.