Meси: Многу се радувам на враќањето на „Ноу Камп“

Лионел Меси овие денови се најде во центарот на вниманието поради неговата изненадувачка посета на Барселона од каде што си замина во 2021 година.

Меси ги искористи подготовките со репрезентацијата во Шпанија за дуелот со Ангола да се појави на „Камп Ноу“ каде што ги има најубавите спомени од кариерата, а сега призна и дека со неговата сопруга, Антонела, разговара за можното враќање во Барселона.

„Мојата сопруга и јас, заедно со децата цело време зборуваме за идејата за враќање во Барселона. Таму имаме куќа и тоа е она што го сакаме. Многу се радувам на враќањето на „Камп Ноу“ бидејќи од кога заминав во Париз, веќе не се вратив, а потоа се преселија на „Монжуик““, изјави Меси.

Зборуваше Меси и за своето заминување во 2021 година.

„Имав чудно чувство кога сето тоа се случи. Последната година игравме без навивачи поради пандемијата. На крајот откако целиот живот го поминав таму, не заминав онака како што замислував и сонував. Мојот сон секогаш беше целата кариера да ја поминам во Барселона“ порача Меси.