Меси ја прекина војната: Грешев, но сè беше за доброто на Барселона!

Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси повторно излезе во јавност и зборуваше за случувањата во каталонскиот гигант.

Меси побара да замине од Барселона, а неговата одлука беше повлечена по заканите на претседателот Жозеш Марија Бартомеу.

Меси се откажа од трансфер, но повторно беше жесток кон управата затоа што беше продаден Луис Суарез. Сепак, реши да ги признае неговите грешки, иако тврди дека тоа го направил за доброто на клубот.

„По сите случувања сакав да завршам со тие работи. Сите мора да бидеме заедно затоа што најдоброто доаѓа. Ја прифаќам одговорноста за моите грешки, ако постоеле воопшто. Ги правев за доброто на клубот. Сакам да им порачам на навивачите дека тоа го правев за интересите на тимот“, кажа Меси.