Меси го шокира светот: Не знам дали ќе бидам пријател со Роналдо!

Најдобриот стрелец за минатата сезона, Лионел Меси вчера ја освои четвртата „златна копачка“, а тој денеска го шокира светот откако изјави дека не знае дали ќе биде пријател со најдобриот светски фудбалер во моментов Кристијано Роналдо.

Меси и Роналдо се големи ривали, но засега преку медиумите никогаш не воделе војна со зборови, па новното ривалство најмногу се гледа преку индивидуалните, но и клупските трофеи. Сепак, Меси за односот со Роналдо вели дека не може да се изгради од причина што – се гледаат еднаш годишно!

„Не знам дали ќе бидам пријател со Роналдо. Пријателството се гради со заедничко поминато време, со запознавање...Немаме никаков однос со Роналдо, најмногу затоа што се гледаме еднаш на доделување на награди и тогаш единствено разговараме. Меѓу нас е се во ред, но животите не ни се испреплетуваат често“, вели Меси.

Изненадувачки, Меси како два кандидати за титулата во Лигата на шампионите ги посочи ПСЖ и Манчестер сити, кои во групната фаза во елитата оставија најсилен впечаток.

„ПСЖ и Манчестер сити моментно оставија најсилен впечаток. Засега овие две екипи се покажаа како најголеми кандидати за трофејот во Лигата на шампионите“, рече Меси.