Мендеш ја изненади јавноста: Откриено кога посакал Роналдо да се пресели во Јуве

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо летоска ги изненади сите кога го напушти Реал Мадрид и ја продолжи кариерата во Јувентус за само 100 милиони евра, а сега неговиот агент Жорже Мендеш откри нови детали.

Роналдо во екипата на италијанскиот гигант покажа уште веднаш дека ќе биде големо засилување во трката за титулата во Лигата на шампиони, а Мендеш откри дека ѕвездата сакала уште во јануари да се пресели во Јувентус.

Роналдо, наводно, му кажал на својот агент дека сака да се пресели во Јуве, но морал да почека до лето кога „кралевите“ се согласиле да го пуштат.

„Јувентус е најзаслужен за ова, зашто беа решени да го купат. Тој уште во јануари ми кажа дека сака да се пресели таму. Мислев дека тоа е невозможно, но на него не му го кажав тоа во лице. Со луѓето од Јувентус разговарав пред мечот во Лигата на шампиони против Реал. Од невозможно поверував дека би можело тоа да се промени и преговорите траеа неколку месеци, а на крајот Роналдо се пресели таму каде што сакаше“, вели Мендеш