Менаџерот на Вернер откри каде ќе се пресели напаѓачот

Англиските медиуми објавија дека менаџерот на Тимо Вернер соопштил Челси и Манчестер јунајтед да не губат време за да го ангажираат напаѓачот бидејќи тој ќе се пресели во Ливерпул.

Напаѓачот на Лајпциг ќе биде големо засилување за Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, кој лично преговараше и потврди дека го сака во екипата.

Вернер има уште три години од договорот со Лајпциг, но тренерот Џулијан Нагелсман минатиот викенд кажа дека трансферот е на повидок.

„Не постои ништо што може да направиме. Знае тој што имаме во Лајпциг со него. Тоа е животот, неговата кариера, негово е да реши“, објасни Нагелсман.