Мегваер може да остане во Јунајтед само ако потпише нов договор за помалку пари
Причина за тоа е што челниците немаат желба повеќе да му плаќаат по 190 илјади фунти неделно на стоперот кој долго време беше на излезна врата од Олд Трафорд, но одлучи да остане. Двете страни можат да продолжат да соработуваат само ако Мегваер потпише нов договор, со поинакви услови и помала плата.
Понудата на Јунајтед е двегодишен договор, плус можност за продолжување на уште една сезона. Интересно е тоа што Аморим сериозно смета на Мегваер и покрај тоа што претходните сезони тој беше еден од најлошите во тимот.