Мбапе веќе дебитира за Реал Мадрид, но уште се „тепа“ со ПСЖ за – 55 милиони евра

Килијан Мбапе веќе одигра две официјални средби за Реал Мадрид, но тој се уште си има работа со ПСЖ, која и не е баш пријатна за сите инволвирани страни.

Францускиот репрезентативец има побарување во износ од 55 милиони евра, кои тимот од Париз му ги должи, поради што веќе ги известил челниците на Лига 1 и УЕФА за својот проблем. ПСЖ доколку одбие да го исплати долгот би можел да се соочи со голема казна.

Лига 1 има моќ да му забрани на ПСЖ да прави трансфери додека не му ги врати парите на Мбапе, а УЕФа да им ја одземе лиценцата на „светците“ за настап во европските натпреварувања.