
Мбапе: Оставете го Јамал на раат, тој има само 18 години!
Ламин Јамал е мета на критики за неговиот приватен живот, Мбапе им порача на луѓето да не зборуваат за тоа бидејќи се работи за многу млад фудбалер допрва треба да созрее.
„Луѓето зборуваат многу за неговиот личен живот, треба да го остават на раат бидејќи тој е голем фудбалер, но има само 18 години, па може да прави и грешки“, вели Мбапе.
„Тој ќе има свое животно искуство и ќе знае што е добро, а што лошо за него. Гледајте што прави на теренот, тој има чиста љубов кон фудбалот“.