Мбапе не доби топка, па се налути и престана да трча! (ВИДЕО)

Иако има само 23 години, Килијан Мбапе се однесува како 15 години да игра фудбал и дека сите околу него мора да му се потчинат. Само така изгледаше неговиот потег на синоќешниот натпревар меѓу ПСЖ и Монпелје.

Неговиот тим повлече контра од десната страна, а тој се отвораше по левата и мавташе со раце барајќи топка. Кога не ја доби, само одмавна и престана да трча. Тоа што играта продолжи и неговиот тим се најде во извонредна шанса, која, за беља, можеби и тој самиот ќе ја искористеше, ако продолжеше да трча, очигледно не беше важно.

Ова се случи при водство на ПСЖ со 2-0, пред да победи со 5-2, меѓутоа не треба да биде фактор колку е резултатот за еден играч да се залага за својот тим.