Мбапе го прослави новиот договор со хет-трик против Мец (ВИДЕО)

ПСЖ ја заокружи сезоната со убедлива победа од 5-0 против Мец. Новиот шампион немаше милост за тимот, кој од следната сезона ќе игра во Лига 2.

Килијан Мбапе беше главен на „Паркот на принцовите“. Па откако пред мечот објави дека ќе остане во тимот уште три години, тој го прослави новиот богат договор со хет-трик. По еден гол постигнаа Нејмар и Анхел ди Марија, кој вечерва го одигра последниот натпревар во дресот на „светците“, бидејќи си заминува. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Анже - Монпелје 2-0
Брест - Бордо 2-4
Клермон - Лион 1-2
Ленс - Монако 2-2
Лил - Рен 2-2
Лориен - Троа 1-1
Марсеј - Стразбур 4-0
Нант - Сент Етијен 1-1
Ремс - Ница 2-3

ПСЖ како шампион директно оди во групната фаза во Лигата на шампиони, а таму е и Марсеј како второпласиран. Монако ќе игра квалификации за ЛШ како третопласиран, Рен е четврти и оди во Лигата на Европа, а Ница во Конференциската лига како петтопласирана на табелата. 

Сент Етијен како 18-ти на табелата ќе игра бараж за опстанок со второлигашот Оксер, додека во Лига 2 се преселија Мец и Бордо.