Мартускело ќе го заменува Сари на стартот од новата сезона во Серија А

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, поради болест ќе ги пропушти натпреварите со Парма и Наполи.

Според „Газета дело спорт“ на овие средби шампионот ќе биде предводен од Џовани Мартускело. Тој е му помагаше на Сари кога ја вршеше тренерската функција во Емполи и во Наполи. Сари нема да седи на клупата на „бјанко-нерите“ на почетокот на сезоната поради пневмонија.

Во првото коло од Серија А, на 24 август Јувентус ќе игра против Парма на гостински терен.